Металург бесни: Да се гаѓа со столица противнички ракометар е извртена љубов кон сопствениот клуб (ФОТО)

Металург на својата официјална страна на социјалната мрежа Фејсбук, објави дека да се гаѓа со столче кон противнички ракометар е навистина извртена љубов кон омилениот клуб.

-Да се гаѓа со столица противнички ракометар, во натпревар од Лигата на шампионите, пред очите на претседателот на нашата земја и милиони љубители на ракометот од цела Европа – тоа е некаква извртена љубов кон сопствениот клуб, стои во текстот кој Металург го објави на својата официјална страница.

Металург додаваат дека наместо да реагираат го сокриле во својата маса насилникот, но сепак не моажт да го сокријат од бројните камери и фотоапарати.

Текстот е пропратен со фотографија за која е нагласено дека е во сопственост на Нова Македонија.

25.11.2013 - 10:03
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега