Мицкоски: Инаетот на Ковачевски трајно ја оштетува државата, не е време за балкански мачоизам

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисија „Топ тема на Ваша страна“ на телевизија Телма, упати порака до Димитар Ковачевски порачувајќи му да престане со инаетот и да се однесува како мачо политичар, бидејќи на тој начин само ја носи државата, како што рече тој во амбис.
 
Ако продолжат вака да се инаетат мојата порака до нив е ќе бидат трајно одговорни како генерација политичари затоа што практично ја донесоа државата во амбис. Затоа мојот совет и Ковачевски нека не биде мачо политичар, му порача Мицкоски на Ковачевски.
 
А доколку прашањето е што можеме ние да направиме немаше да ја доведеме државата во ваква состојба во која сега се доведе, но првата мерка која што ќе ја направиме ќе ја намалиме давачката, односно нема да биде рамниот данок 10 проценти, туку 8 проценти, ќе ги зголемиме инспекциите на терен и ќе ја намалиме сивата економија. Имаме механизми, имаме алатки од 10 на 8 проценти, зголемен број на контроли на терен, рече Мицкоски.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

11.05.2022 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега