АА: На граѓаните им треба итна помош, скратете го луксузот и земете ги нашите предлози

На граѓаните им треба итна помош, доста веќе со паради. Седнете и размислете! Ако не, земете ги нашите готови предлози што ги имате.
 
Секој месец семејниот буџет станува се потешко издржлив. Со иста сума на пари се помалку се купуваат производи и се извршуваат услугите.
 
Во април, инфлацијата  која ја мери промената на цените на кошничката со производи за широка потрошувачка, е зголемена за 11,1% во однос на истиот месец од претходната година. Ова е уште еден црн рекорд, по оној од март истата година (податоци објавени од Заводот за статистика на РСМ). Ова зголемување се гледа и се чувствува дека најмногу ги погоди семејствата со ниски приходи.
 
Расходите за набавка на основни кошнички производи, како леб, масло, млечни производи и шеќер се зголемени со двоцифрена стапка од 4 до 20 отсто. Раст има речиси во сите сектори на индустријата и услугите. Покрај прехранбените производи, цената на горивата исто така продолжува да расте. Тие достигнуваат историски рекорди, зголемување кое покрај негативните ефекти што ги носи кај производителите кои користат нафта и гас како суровини, има големо влијание врз сите потрошувачи преку зголемување на цените на производите и услугите на производите.
 
Алијанса за Албанците во неколку наврати го изнесуваше својот став за мерките што треба да ги преземе Владата за да одговори на поскапувањето. Една од главните и најкорисните мерки би било намалувањето - намалување на даноците и акцизите содржани во цената на горивото. Горивата се такви производи кои имаат многу даноци и акцизи во структурата на формирањето на трговските цени и истото има влијание врз сите економски елементи на цената на финалниот производ. Речиси сите европски земји се обидуваат да интервенираат во цената на горивото, кадешто во некои случаи ги фиксираат цените на максимални нивоа, а во некои случаи привремено ги намалуваат акцизите и даноците.
 
Цените на производите, особено во прехранбената кошничка, се очекува да бидат високи во наредните периоди. Земјите ширум светот одобруваат пакети за помош за сиромашните за да ги амортизираат ударите од растот на потрошувачките цени, но, овде во РСМ, поточно оваа неодговорна и неспособна влада во овој поглед, не презема ништо за да овозможи ублажување на ефектите од овие вртоглави и неиздржливи зголемувања.
 
Владата треба да размисли за подготовка на антикризен пакет за делот на
населението во потреба. Ние сме на прагот на ребаланс на буџетот и препорачливо е да се предвидат поместувања во буџетските средства, првично со префрлање на средствата наменети за луксузни и неприоритетни расходи кон финансирање на антикризни пакети за најранливите погодени од овие поскапувања.
 
Алијанса за Албанците - Сектор за Економија
12.05.2022 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега