Злато оружје средства за хигиена - еве што заплени македонската Царина

Цариниците во текот на викендот и минатата недела беа со полни раце работа. Запленети и задржани се златен накит, девизи, сигнален пиштол со муниција, шампони, мобилни телефони, фалсификати, облека, цигари...

Задржани се 9.000 швајцарски франци и 399,7 грама златен накит, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на патничко моторно возило со швајцарски регистарски таблички, со кое за излез од државата, на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца сопружници, македонски државјани. Откако патниците изјавиле дека немаат што да пријават за царинска контрола, царинските службеници извршиле личен претрес на двајцата патници, при што во задниот џеб на панталоните на едниот патник и во торбичка сместена во внатрешен џеб од неговата јакна, биле пронајдени 14.400 швајцарски франци. Потоа била извршена и контрола на возилото, при што биле пронајдени 2 златни прстени, 2 златни нараквици и 1 златен ѓердан, со вкупна маса од 399,7 грама.

Запленети се и 1 сигнален пиштол марка Бруни, со калибар 9 мм и 27 парчиња муниција за истиот, откриени на царинската испостава Блаце-патнички промет, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Пиштолот и муницијата биле пронајдени во пластично куферче, сместено во фиоката пред совозачкото седиште на возилото, како и поголема количина средства за лична хигиена откриени на Блаце.

Цариниците открија и 11 мобилни телефони Самсунг Галаџѕ С4, откриени на царинската испостава Блаце-патнички промет, при контрола на патничко возило со косовски регистарски таблички, управувано од косовски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените телефони биле пронајдени во патни торби, сместени на задното седиште и багажниот простор на возилото, сопственост на сопатникот во возилото кој по потекло е од Италија, како и 6 мобилни телефони Хуањеи Асценд Ѕ300 и 1 авто-радио, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на багажот на српски државјанин, кој допатувал со лет од Цирих.

Запленети се и облека и текстилен материјал и тоа  230 готови капи и шалови и 152 кг материјал за завеси.

Запленети се и 10 штеки цигари Маџим Слимс без акцизни маркички, откриени на царинската испостава Меџитлија-патнички промет, при контрола на патничко возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, пријавено за излез од државата. Цигарите, набавени во грчкиот фрее-схоп, биле сокриени под тапацирот на задното десно крило на возилото, како и 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола, откриени на царинската испостава Делчево-патнички промет, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, пријавено за излез од државата. Табличките биле пронајдени позади возачкото седиште, под нозете на патник во возилото, македонски државјанин, кој изјавил дека табличките припаѓале на возило што го продал во отпад. Патникот не поседувал документи за спроведена увозна постапка и платени увозни давачки во Република Македонија.

Цариниците откриле и фирми кои избегнале да платат  увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.

 

25.11.2013 - 14:04
Фото: 
Ерепортер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега