Светскиот гигант Кофикаб ќе инвестира во Македонија - можност за 150 нови вработувања

Викендов претседателот на Владата, Никола Груевски, најави нова голема инвестиција во автомобилската индустрија за производство на кабли со висок квалитет. Се работи за компанијата "Кофикаб" од Тунис која планира да гради производствен капацитет во близина на „Дрекслермаер“ во Кавадарци и „Кронберт и Шуберт“.

- Кофикаб беше прв на листата произведувачи на кабли. Тие ја видоа големината на локалниот пазар, ова лето донесоа одлука да инвестираат. Фирмата се наоѓа во една постоечка локација во Кавадарци, од каде во средината на декември почнуваат со достав на кабли кон „Дрекслермаер“, а за кратко време и до „Кронберg и Шуберт“, откри министерот Веле Самак во изјава за Сител.

Инаку, градењето ќе започне во февруари, а во овој период ќе овозможи 150 нови вработувања. 

Премиерот викендов зборуваше за новата инвестиција: -  Тие се нивни бизнис партнери и обично кога Дрекслермаер ќе отвори нова фабрика и тие отвораат своја фабрика на истото место заради намалување на транспортните трошоци за нивниот производ, истакна Груевски и додаде дека и три нови компании исто така се пред одлука за вложување во земјава.

 

25.11.2013 - 14:35
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега