Франција се запозна со можностите за инвестирање во Македонија

Македонска владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, во чиј состав се и министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо и економскиот промотор Дамјан Митев, од денеска престојува во неколкудневна посета на Франција.

Владината делегација денеска ја презентираше економската состојба на Македонија, нејзиниот инвестициски потенцијал, најконкурентните сектори кои се од интерес за бизнисмените од јужниот дел на Франција како и поволностите што ги нудат технолошките индустриски развојни зони за инвеститорите. Членовите на македонската делегација имаа и поединечни средби со заинтересирани преставниции на бизнис заедницата во Марсеј со компании од областа на инфраструктурата, енергетиката, како и од ИТ индустријата, фармацијата и медицинските помагала.  

Македонската делегација утре ќе престојува во Лион каде ќе се претстави пред заинтересираните посетители на Интернационалниот трговски саем „Classe Export“.

25.11.2013 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега