Франција ќе се запознае со можностите за инвестирање во Македонија

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска заедно со владина делегација ќе престојува во Лион каде ќе ги претстави можностите за инвестирање и започнување бзинис во Македонија.

Во состав на  делегацијата се министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо и економскиот промотор Дамјан Митев. 

Инаку, вчера се остварија средби со претставници на Стопанската комора на Марсеј каде беа презентирани економската состојба на Македонија, нејзиниот инвестициски потенцијал, најконкурентните сектори кои се од интерес за бизнисмените од јужниот дел на Франција, како и поволностите што ги нудат технолошките индустриски развојни зони за инвеститорите.

 

26.11.2013 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега