ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави евтин театар, измислува скандал за да дефокусира од реалните скандали во кои е заглавена

 

СДСМ се обидува да направи евтин театар и да скандализира нешто  што е согласно сите закони и прописи во Република Македонија.

Впрочем доколку имаше нешто незаконско околу именувањето на Ѓоко Велковски, тие ги имаа и ги имаат сите законски средства вклучително и контрола врз македонското правосудство и овој случај ќе го решеа.

Но вистината е дека СДСМ крева прашина и фабрикува случаи само за да ја дефокусира јавноста од својата неспособност поради која Македонија тоне од ден во ден.

СДСМ се обидува очајно да направи тема само за да не се зборува за економската катастрофа за двоцифрената инфлација која го изеде стандардот на граѓаните, за енормното задолжување, за 35% од граѓаните ко живеат во ризик од сиромаштија,  да не се зборува за криминалните физибилити студии,  за матните тендери, за коруптивни договори во 4 очи, за луксузирањето во време на криза за и други реални скандали во кои што СДСМ се заглавени до гуша.

Јавноста гледа дека оваа неспособна и криминална власт се обидува да ја замајува јавноста со измислени скандали, но тоа не им поминува. Одговорност за нивното неработење и нивниот криминал ќе дојде наскоро.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
23.05.2022 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега