СДСМ: Кривични пријави против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и соработници на Мицкоски

Кримибалиот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои јавноста беше информирана пред локалните избори добива епилог.
Поднесени се кривични пријави против седум лица, дел од нив функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски. Ова е нагласено во писменото соопштение што од СДСМ пред малку го испратија до медиумите по електронски пат.
„Сите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра.
Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски и Белиот дворец.
Надлежните институции мора до крај да го расчистат овој криминал а одговорните да бидат соодветно санкционирани.
Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“, се наведува во нивното соопштение.
26.05.2022 - 18:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа