Крадци му ги украле панталоните додека спиел - тетовчанец остана без 7.000 евра

68 годишниот С.Е. остана без 7.000 американски долари и 300 евра, откако непознати сторители провалиле во неговиот дом на улицата „105“ во Тетово, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според пријавата на оштетениот вчера во периодот помеѓу 01:00 и 05:00 часот непознати сторители насилно провалиле во неговата куќа преку прозорецот во бањата и од спалната, каде С.Е. спиел заедно со својата сопруга и кои ништо не забележале, му ги одзеле панталоните во кои имало 7.000 долари и 300 евра.

Тој бил времено вработен во странство и бидејќи бил со нарушено здравје деновиве претстојувал во родниот крај. Полицијата извршила увид и работи на откривање на идентитетот на сторителите, нивно приведување и расчистување на случајот, рече Јосифовски.