Приведени девет пејачки во кафана во Желино

Вкупно девет девојки, шест од Албанија и три од Македонија, открила полицијата при акциската контрола што заедно со Управата за јавни приходи ја спровеле ноќеска во угостителскиот објект „Желино“ во истоименото тетовско село, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Девојките биле вработени како пејачки и полицијата ги привеле заедно со сопственикот на објектот Ќ.Б.(21), по што откако детално ќе биде разгледан нивниот престој и ангажман ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

најчитано сега