Студ во Чешка: Измерени минус 18 степени

Чешка синоќа ја зафати голем студ. Измерени се температури од минус 18 степени.

Во градските средини се измерени температури до минус седум степени, додека најниската температура од 17,9 степени под нулата, пренесе МИА.

- За овој период од годината, ова е необично студено време, кое не е забележано најмалку десет години, изјави метеорологот Рудолф Коварик. Зголемен проблем на патиштата во планинските региони претставува снегот кој падна пред неколку дена и создадената голомразица.

27.11.2013 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа