Филмска бркотница на патот Штип-Велес - приведени 28 имигранти кои се криеле во камион

Утринава во 4:30 часот на магистралниот пат Штип-Велес кај с.Кадрифаково, штипски полициски службеници забележале камион „ТАМ“ со струмички регистерски ознаки, сопственост на  74 годишниот Н.К. од село Едрениково. Камионот се движел во правец од Штип кон Велес, но кога возачот ја забележал полициската патрола, свртел полукружно и се упатил назад кон Штип. Кога полицијата успеала да го запре возилото, возачот скокнал од него и избегал. 

Од камионот излегле повеќе лица и се упатиле кон блиската борова шума. Полициските службеници ги запреле лицата и откриле дека станува збор за 28 странски државјани кои немале документи за идентификација и кои нелегално престојувале во Македонија.

Илегалците биле приведени и задржани во полициската станица-Свети николеИлегалците биле на возраст од 16 до 43 години и потекнувале од Еритреја, Сирија, Сомалија,  Авганистан, Пакистан, Гвинеја, Алжир, Сиера Леоне и Сенегал.

Во моментов полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на возачот и негово пронаоѓање.

најчитано сега