Вооружен грабеж на "Астра" во Скопје

Утрово во 4:15 часот, засега непознат разбојник го опустошил клубот за игри на среќа „Астра“.

Маскиран и вооружен, разбојникот насилно ја отворил заклучената врата од клубот лоциран на булеварот Партизански Одреди во Скопје и под закана со пиштол, од вработените земал засега неутврдена сума на пари. Откако го грабнал "пленот"разбојникот избегал во непознат правец.

Полицијата работи на утврдување на идентитетот на сторителот и негово пронаоѓање.

најчитано сега