Берово: Во двор си нашол 572 куршуми стари повеќе од 100 години

Вчера на улицата „Димитрије Туцовиќ“ во Берово, 42 годишниот К.Б. копајќи во својот двор, пронашол 572 куршуми калибар 8мм, кои потекнуваат од 1907 година. Куршумите биле во неисправна состојба.

Полицијата извршила увид на местото, а пронајдената муниција е преземена од Дирекцијата за заштита и спасување.

најчитано сега