Ѓорѓиев: Ќе се формира Комисија за избор на композиции кои ќе добијат владина субвенција

Владата ќе распише оглас за креирање на Комисија за стручен избор на композициите од областа на музиката, кои ќе бидат субвенционирани. За ова денеска информираше потпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Како што истакна владиниот потпарол, членовите на Комисијата ќе се одбираат во тесна соработка со музичките соработници, а огласот ќе трае до 15 декември. Националниот сервис МРТ ќе биде носител на сите процеси.

- Од оние кои ќе конкурираат, ќе биде направена потесна листа од 40-50 кандидати, од кои ќе се избира Комисијата по пат на електронски систем, а во истата ќе има 5 до 7 членови, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Конечната листа на членови на Комисијата ќе биде избрана до крајот на годината, а од пропишаните 200, 150 треба да бидат народни и забавни композиции, а 50 детски.

Инаку, се работи за субвенција од  5 милиони евра.

29.11.2013 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега