Кумановските пожарникари имале полни раце работа: Гаснеле пожари на повеќе места
Кумановските пожарникари, изминатово деноноќие гаселе опожарена сува трева во различни села, а интервенирале и на запалено ѓубре, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Опожарена сува трева горела во Романовце од 12:35 до15:10 часот, во Липково од 15:15 до 17:30 часот, и во село Никуљане од 17:45 до 18:55 часот. Во текот на денот, било запалено ѓубре во населбата Средорек. На сите пожари било делувано со по едно возило и со една противпожарна екипа.
01.08.2022 - 09:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа