Договорени дополнителни дозволи за превоз на стока за 2014 со Италија

Македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај потпиша протокол со кој е договорено за 2013 година да се размени дополнителен контингент од 50 поединечни транспортни дозволи за превоз на стока за возила со ЕУРО 5 стандард.

 На состанокот на македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока помеѓу Република Македонија и Република Италија која се одржа на 26 и 27 ноември во Скопје, договорена е прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2014 година и тоа: 950 билатерални обични дозволи за сите категории за возила, 2.000 билатерални дозволи за возила со ЕУРО 3 стандард, 1.900 билатерални дозволи за возила со ЕУРО 5 стандард и 400 билатерални дозволи валидни за комбинирано влечење.

 Договорената квота за следната година е за 550 дозволи  повеќе од досегашната квота на дозволи која се разменуваше помеѓу Македонија и Италија и со истата ќе се задоволат потребите на македонските превозници за превоз на стока кон Италија.

 Министерството за транспорт и врски континуирано одржува состаноци на мешовитите комисии за превоз во меѓународниот патен сообраќај за дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот со земјите со кои остваруваме економска размена со цел овозможување на непречен транспорт за македонските транспортери.

 

 

30.11.2013 - 11:48
Фото: 
Ерепортер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа