ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски мува не го лази што кумановчани секојдневно се трујат од депонијата

 

Мирослав Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Општина Куманово, вчера истакна дека ветувањата на СДСМ се само празни зборови. 

- Ова е документот кој што Зоран Дамјановски во име на општина Куманово како една страна и четирите месни заедници Пчиња, Студена бара, Вакав и Винце го потпишале уште во 2005 година. Со него Општина Куманово се обврзува да им даде погодности и заедничка контрола над депонијата Краста на жителите од околните села. Општина Куманово и Дамјановски сами се обврзуваат дека одредбите од овој договор ќе ги исполнат до 2007 година, но иако поминаа повеќе од 8 години, ништо од тоа не е реализирано. Единствено што оствари е што вработи 4 лица од овие 4 села, но и тоа не го направи така како што се обврза, велат од ВМРо-ДПМНЕ.

Граѓаните на овие 4 месни заедници сеуште се трујат секојдневно од депонијата која е надвор од сите еколошки стандарди, граѓаните на Куманово сеуште купуваат земјоделски производи од овие 4 села кои секојдневно се загадуваат, а Дамјановски мува не го лази што сеуште не ги реализирал ветувањата за кои се обврзал со договор и ставил свој потпис, додаваат од партијата.

 

 

 

30.11.2013 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега