Татко загина, мајката и синот завршија на Ургентен - трагедија на патот Градско-Велес

Уште една страотна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. Синоќа на патот Градско-Велес, едно лице загина, а три се здобија со потешки повреди, откако според податоците од полицијата, велешанец со својот автомобил изгубил контрола и удрил во бетонски мост, при што за жал на местото на настанот животот го загубил 57-годишниот сопатник Мијалче С.

Во автомобилот се наоѓале и сопругата на починатиот, 56-годишната Б.С. и неговиот 16-годишен син, кои итно биле пренесени на Ургентен во Скопје.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

01.12.2013 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега