Куршуми летале на сите страни - стружани нападнале семејство за пари

Стружанецот Б.К. заедно со неговите синови У.К.(25), А.К.(21) и Ј.К.(19) си заработија кривична пријава бидејќи  пред неколку денови во телефонски разговор, Б.К. побарал од својот 39-годишен сограѓанин А.Г. да му исплати паричен долг од 8.000 евра.

Околу 17 часот семејството отишло во домот на А.Г. на улицата „Маршал Тито“ во Струга, каде физички ги нападнале 64-годишниот Ф.Г. и 58-годишната А.Г. родители на оштетениот,  барајќи им пари. Потоа  се обиделе  во нивните патнички моторни возила насилно да ги внесат двајцата сопружници но поради нивното спротивставување не успеале во намерата. Пријавените извадиле пиштоли што нелегално ги поседувале и испукале повеќе куршуми.

Насилниците и од претходно и се познати на полицијата.

01.12.2013 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега