Фатени насилници од Скопје кои на малолетник му украле мобилен

22-годишниот М.П. и еден 14-годишен малолетник си заработија кривична за разбојништво. Двајцата насилници пред Средното моделарско училиште во населба Илинден, извршиле разбојништво над 17-годишниот К.Г. на кој со закана со нож му одзеле мобилен марка „Sony Expiria„. Тие мобилниот телефон го продале на друго лице од село Миладиновци.

По преземени мерки се прегледани снимките од видео надзорот поставен на училиштето, и идентификувани се сторителите, по што мобилниот е пронајден и вратен на малолетникот.

01.12.2013 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега