Случаен минувач ранет при пукање пред дискотека во Скопје - еве ги деталите

Тепачка меѓу две групи момчиња синоќа завршила со пукање и еден ранет.  Според најновите податоци од полицијата, се работи за 18-годишно момче А.З. кое синоќа околу еден часот било рането во пределот на ногата пред  кафулето Тренд на улицата Никола Вапцаров во центарот на Скопје. 

Според МВР, момчето било повредено случајно откако настанала тепачка меѓу две групи насилници, при што еден од учесниците извадил пиштол и почнал да пука. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и откривање на лицето кое пукало.

01.12.2013 - 14:04
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега