ВМРО-ДПМНЕ: Само СДСМ не може да прифати дека сме четврта најмалку задолжена земја во Европа

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на прес-конференцијата на опозициската СДСМ, за задолжувањето на Владата.

- СДСМ  тера инает со фактите. Единствено само СДСМ не може да прифати дека Македонија води стабилна економска политика. Само за нив не се релевантни оценките дека Македонија е четвртата најмалку задолжена земја во Европа. Ова го потврдија и ММФ и Светската банка и реномираните Фич и Стандарт и Пурс, велат од партијата.

 

ВМРо-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ е осамен во своите неаргументирани критики бидејќи сите угледни финанскиски институции во светот ги признаваат економските резултати, само СДСМ не може тоа да го прифати.

01.12.2013 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега