Караванот на СДСМ денеска во Кочани

Денеска главниот караван на СДСМ е во Кочани.

 - Ќе ја презентираме нашата предлог програма и нашите мерки, ќе отвориме дебата за важни теми од интерес на сите граѓани, но и посебно за граѓаните од овој регион. Ќе ги афирмираме економските активности кои што СДСМ ги проектира во својата програма, како што е капиталната инвестиција, автопат Штип – Кочани, со трета лента, кој би продолжил до границата со Бугарија, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 Секако, ќе ги отвориме и мерките за вработување на младите, за жал Кочани е еден од оние градови од каде што имаме наголема миграција на млади, кои не само што го напуштаат Кочани, туку и државата. Нашите мерки имаат за конечна цел да ги задржат младите, да можат да најдат достоинствена работа и понатаму да можат да формираат семејство.Се разбира ќе зборуваме и нашироко за економијата, за овој регион, за земјоделието, како достоинствено производителите на ориз да заработат од тоа што го работат. Ќе презентираме мерки како оризопроизводителите да стигнат и до подобри цени за откуп, како и за подобар пласман ,додаде Заев.

 

01.12.2013 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега