Стечајците од „Порцеланка“ ќе добијат месечен надомест и платено здравствено осигурување

Министерот за труд и социјала Диме Спасов денеска на прес-конференција соопшти дека седумдесет  стечајци од велешка „Порцеланка“ со над 25 годишен стаж кои десетина години се бореа за своите права, од месецов ќе добиваат надомест од 7.400 денари и ќе имаат платено здравствено осигурување до пензионирање. Министерот потенцираше дека Владата со средства  во висина од 29 милиони денари, нашла начин да им помогне на стечајците од „Порцеланка“.

- Решенијата се изготвуваат и наскоро ќе ги добијат. Така правдата ќе биде задоволена, а проблемот решен, изјави Спасов. 

Директорот на Агенцијата за вработување информира дека сите 70  стечајци од „Порцеланка“ паричниот надомест од 7.400 денари ќе го користат од овој месец, а ќе им биде исплатен во јануари 2014 година. Воедно до 19 декември годинава ќе им биде исплатено ретроактивно месечниот надомест за стечајци  за изминатите пет години  или секој од нив ќе добие најмногу до 440 илјади денари. 

- Ќе бидат исплатени  за целиот период, под услов да немаат прекин, да не биле некаде работно ангажирани или ако заминале в пензија. Пари ќе добијат и неколкумина починати  кои не дочекаа да ги добијат овие средства, рече Поповски.

01.12.2013 - 15:26
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега