Нов бренд „Дебарско сирење“

Здружението на сточарите од Дебарскиот регион „Даши“ одлучи брендираното бело сирење кое се произведува на традиционален начин да го носи името „Дебарско сирење“.

Оваа одлука следува по повеќето предлози, главно дадени од сточарите од Жупа, кои предлагаа, меѓу другото брендот да го носи името „ Коџаџенг“ (голема битка).

- Нашето здружение веднаш по одлуката достави барање до надлежните државни институции кои се занимаваат со брендирање на домашните производи, овој млечен производ да го носи името Дебарско сирење. Сега очекуваме одговор, вели Скендер Аме, претседателот на здружението.

Тој најавува дека по добивањето позитивен одговор од надлежните за добивање на трговска марка, сирењето од дебарските сточари ќе се продава во соодветни канти со свое лого и име.

Дебарското сирење е едно од најквалитетните произведени на традиционален начин и неодамна доби високи оценки на Саем на млечни производи одржан во Италија.

02.12.2013 - 10:18
Фото: 
lady.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа