Антиќ без реализација - Атланта без победа

Нашиот најдобар кошаркар Перо Антиќ ноќеска имаше настап од само девет минути на паркетот во Вашингтон, во кој неговиот тим Атланта беше поразен со 108:101. 

Антиќ не оствари реализација во двата обида кои ги имаше на теренот.

Кучот за триумф, играчите на Вашингтон го направија во првиот период кој го добија со 28:20. 

Резултати на другите ноќешни НБА натпревари: Кливленд – Чикаго 97:93, Мемфис – Бруклин 88:97, Далас – Минесота 106:112, Сан Антонио – Хјустон 106:112, Феникс – Јута 104:112 и Милвоки – Бостон 92:85.

Вечерва се играат осум натпревари: Торонто – Денвер, ЛА Клиперс – Индијана, Детроит – Филаделфија, Сакраменто – Голден Стејт, Мајами – Шарлот, Оклахома – Минесота, Њујорк – Њо Орлеанс, ЛА Лејкерс – Портланд.

Табела Источна конференција: Индијана 15-1 (победи – порази), Мајами 13-3, Атланта 9-9, Вашингтон 8-9, Шарлот 8-9, Чикаго 7-8,...

Табела Западна конференција: Сан Антонио 14-3 (победи – порази), Портланд 13-3, Оклахома Сити 11-3, ЛА Клиперс 12-5, Хјустон 13-5,... 

02.12.2013 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега