Бесплатен безжичен Интернет во Центар

Општина Центар во соработка со безжичниот интернет провајдер „Sun Wireless“ од 1 декември им овозможина сите граѓани и посетители на општината бесплатен безжичен интернет.

„Жешките точки“ (хот спот) се наоѓаат на улицата „Македонија“, на потегот од хотелот „Бристол“ до плоштадот „Македонија“, од скверот „Пела“ до поранешниот ресторан за брза храна „МекДоналдс“, скверот „Јадран“,  кејот „13 Ноември“, односно делот кој се наоѓа кај ГТЦ, потегот од црквата „Св. Спас“ на Кале до плоштадот „Карпошово Востание“.

- Воведувањето на бесплатниот безжичен интернет е чекор напред кон целосна модернизација и ја потврдува отвореноста на општината кон новите технологии, информира општина Центар.

02.12.2013 - 11:44
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега