Одложен грчко-македонскиот- бизнис форум

 

Грчко-македонскиот бизнис форум што требаше да се одржи на 17 декември во Атина е одложен. Како што јавува МИА, нема официјална информација од организаторот Атинската Комора за трговија и индустрија зошто форумот се одложува.

Тоа требаше да биде прв бизнис форум во Атина, но не и прва средба на бизнисмените од двете земји. Целта беше да се истражи потенцијалот за понатамошен развој на трговската размена меѓу двете земји.

02.12.2013 - 16:00
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа