Наскоро сите автомобили ќе возат 115 километри на час

Возачите во ЕУ наскоро ќе можат да возат максимални 115 километри на час. Европската комисија сака во автомобилите да воведи „лимитатори“, кои ќе оневозможат возење побрзо од дозволеното.

Доколку овој предлог биде прифатен, сите сопственици на автомобили во ЕУ ќе мора во своите возила да вградат „лимитатор“.

Целта на ограничуваето е да се зголеми сигурноста на европските патишта, на кои секоја година гинат околу 30.000 луѓе.

Одлуката за ограничување на максималната брзина на возилата на 115 километри на час се очекува околу Нова година.

Автомобилската индустрија се противи на оваа идеја.

Раководствата на автомобилските компании истакнуваат дека повеќето несреќи не се случуваат на автопатиштата, туку на помалите патишта кои веќе имаат ограничени брзини.

Многумина сметаат дека Европската комисија на себе презема одлука која треба секоја држава посебно да ја разгледа.

03.12.2013 - 00:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега