Лондон ќе се запознае со можностите за инвестирање во земјава

Премиерот Никола Груевски од вчера престојува во официјална посета на Лондон. За денеска е предвидено македонскиот премиер да се обрати на форум за презентација на македонската бизнис клима, каде ќе бидат презентирани можностите за инвестирање и започнување бизнис во Македонија.

- Ова ни е прво роуд шоу што го правиме заедно со Фајненшл тајмс. Досега организиравме со сопствени капацитети, но овојпат го вклучуваме Фајненшл тајмс со кој направивме многу добар аранжман и се надеваме дека ќе имаме добри гости кои ќе дојдат да ја слушнат приказната за Македонија насочена кон привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места, истакна премиерот Груевски веднаш по пристигнувањето во Лондон.

Вчера Груевски се сретна со претседателот на ЕБРД Сума Чакрабарти, а ја посети и Лондонската кралска болница.

Заедно со премиерот во владината делегација се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.

03.12.2013 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега