Венизелос во Брисел ќе разговара за проширување на Алијансата

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи  денеска и утре во Брисел ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, каде ќе се разговара за проширување на Алијансата.

Венизелос ќе учествува во дискусиите за иднината на евроатлантската соработка , подготовките за самитот во 2014 година и НАТО партнерството. Тој потоа ќе присуствува на работната вечера на која дискусијата ќе биде фокусирана на изгледите за проширување на Алијансата.

Деновиве Катимерини пишуваше дека грчката страна во престолнините на големите членки на НАТО и ЕУ се соочува со зголемен интерес за интеграција на Македонија во НАТО под привременото име и откри дека Венизелос „изразил несогласување со можноста да се направи некаков обид за прием на Македонија под привременото име во НАТО во пресрет на Самитот на Алијансата што ќе се одржи следниот септември во Британија“.

Сеуште не се знае дали денеска за време на вечерата Ванизелос ќе разговара и за Македонија.

03.12.2013 - 09:39
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега