Антиќ го следеше мечот со Сан Антонио од клупа

Тимот на нашиот Перо Антиќ, Атланта ноќеска претрпе уште еден пораз, овој пат на гостувањето кај Сан Антонио со 102:100. Човек на мечот беше Тим Данкан кој и пресуди на Атланта во последните четири десетинки до крајот, притоа остварувајќи 23 поени и 21 скок.

Нашиот Антиќ на овој меч не доби шанса, и мечот го проследи од клупата за резерви. 

Данкан успеа по 20 пат во кариерата да направи учинок од над 20 поени и скокови во еден меч. 

На кошот на Данкан му претходеше тројката на Џеф Тиг за изедначување (100:100). Инаку, овој дуел мина со 17 изедначувања и 20 пати имаше промена на водството.

Во дуелот на двете најдоброрангирани екипи од Конференциите, Портланд (Запад) – Индијана (Исток), победа оствари домаќинот Портланд со 106:102 и за Индијана ова е втор пораз сезонава.

Преглед на ноќешните резултати: Сан Антонио - Атланта 102:100, Портланд - Индијана 106:102, Вашингтон - Орландо 98:80, Чикаго - Њу Орлеанс 128:131 (три продолженија) и Јута - Хјустон 109:103.

Вечерва се играат осум натпревари: Филаделфија - Орландо, Бостон - Милвоки, Бруклин - Денвер, Мајами - Детроит, Мемфис Феникс, Далас - Шарлот, Сакраменто - Оклахома Сити и Голден Стејт - Торонто.

Пласман Источна конференција: Индијана 16-2 (победи-порази), Мајами 14-3, Вашингтон 9-9, Атланта 9-10, Шарлот 8-10, Чикаго 7-9,...

Пласман Западна конференција: Портланд 15-3, Сан Антонио 15-3, Оклахома Сити 12-3, Хјустон 13-6, ЛА Клиперс 12-6, Денвер 10-6,...

03.12.2013 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега