Психијатри од Битола пуштиле убиец на викенд

Двајца психијатри вработени во ЈЗУ-Психијатриска болница Демир Хисар, 48-годишниот битолчанец В.Т. и неговиот 60-годишен сограѓанин П.Л. од почетокот на годинава на тројца пациенти кои биле на задолжително психијатриско лекување им одобрувале користење на тераписки викенд спротивно на Правилникот на куќниот ред во здравствената установа и без соодветна изјава од член на семејство со која се изјавува дека ќе го чува пациентот додека е надвор од установата.

Тие пуштиле на викенд и еден од пациентите со правосилна пресуда од Апелационен суд-Скопје за сторено кривично дело „убиство“ кое немало законски права да излезе од болницата за викенд.

03.12.2013 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега