Тренерот на Партизан казнет поради нападите кон судиите за мечот со Црвена ѕвезда

Кормиларот на Партизан Душан Вујошевиќ ќе мора да плати парична казна во висина од 6300 евра поради коментарите на судењето по поразот од Црвена Ѕвезда во 8.коло. 

Ваквата одлука ја донесе регионалната кошаркарска АБА лига, откако Вујошевиќ упати сериозни обвинувања на адреса на судијата Миливоје Војновиќ, за кого вели дека со неговите одлуки директно влијаел на исходот на мечот. 

„Судијата Војновиќ го одлучи победникот кога досуди прекршок при четири разлика за нас и аут на спротивната страна. Тоа не е ништо ново. Истиот тој судија така судеше и во финалето на плеј-офот минатата сезона. Очигледно дека неговото поврзување со луѓето од Ѕвезда дало резултати, изјави тогаш Вујошевиќ.

Дополнителна казна Вујошевиќ заработи и поради критиките кон судиите за кои изјави дека допуштиле центарот на противникот да стои повеќе од дозволените три секунди. 

Натпреварот Партизан - Црвена Ѕвезда заврши со резултат 83:86 по продолжение што претставуваше прв пораз за „црно-белите“ на домашен терен во АБА лигата оваа сезона.

03.12.2013 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа