Владата одобри 53.5 милиони денари за надомест на штетите во четири општини

Македонската Влада донесе одлука за одобрување на средства од резервите за 2013 со цел исплата на парична помош во висина од 15 отсто од пријавените штети од природните непогоди.

Се работи за 53.5 милиони денари од кои најмногу ќе добие Струмица односно околу 41.5 милиони денари. По неа следуваат Кичево со  230.000, Кривогаштани со околу 10.1 милиони денари и Штип со нешто повеќе од 1.7 милион денари.

-Најголем дел од штетите кои штипјани ги претрпеле во Штип и штипско се однесува на 2012 и 2013 година. Во 2012 година, 94 лица пријавија штети а во 2013 вкупно 134 лица. Ние подготвивме елаборати и истите беа усвоени на седница на Советот. Потоа истите беа испратени на усвојување на Владата. Морам уште еднаш да напоменам дека согласно законската регулатива, овие средства се 15% од вкупната штета, изјави Лазар Соколовски од Општина Штип, пренесе Курир.

Се работи за паричен надомест за штетите од 2010, 2011,2012 и 2013 година.

04.12.2013 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега