Златна елка висока 18 метри ќе го краси плоштадот „Македонија"

Новогодишната елка која годинава ќе го краси плоштадот Македонија ќе биде во златна боја. Според информациите на Вечер, ќе биде поставена и втора елка на плоштадот Филип Втори, која ќе биде висока десет метри, и ќе биде во сребрена боја.

Две елки ќе се постават во централното подрачје за новогодишните празници. Едната, стандардно висока 18 метри, ќе се исправи на плоштадот Македонија. Годинава оваа елка ќе биде во златна боја, а најверојатно ќе биде поставена пред трговскиот центар Лумикс меѓу Сити галери и кафеаната Пелистер. Според деталите до кои дојде Вечер, втората елка која за прв пат се поставува на ова локација ќе биде на плоштадот Филип Втори. Оваа елка ќе биде висока околу десетина метри и, најверојатно, ќе биде во сребрена боја. 

Град Скопје украсувањето на централното подрачје го додели на фирмата Линк медија плус како и секоја претходна година.

 

 

04.12.2013 - 11:18
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега