УСАИД со два проекта ќе ги учи компаниите да штедат енергија

Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска присуствувааше на промоцијата по повод отпочнување на проектите на УСАИД за инвестиции во чиста енергија и за индустриски менаџмент. На настанот свои обраќања имаа и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и Пол Волерс, Амбасадорот на САД во Република Македонија.

Во Скопје беа претставени двата нови проекти во секторот на  енергетика, за инвестиции во чиста енергија и за индустриски менаџмент, чија импелментација започна на почетокот на годинава.

Проектите од американската агенција за меѓународен развој УСАИД  ќе се фокусираат на поддршка на Владата на Република Македонија во унапредување на правната рамка за планирање, иницирање и спроведување на процеси и процедури за намалување на емисијата на стакленички гасови на подолгорочна основа. Нивната цел е да се унапреди економскиот развој, да се зголеми конкурентноста на индустријата, преку намалување на трошоците за енергија, да се подобри управувањето со животната средина и да се постигнат развојните цели.

Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија започна во април 2013 година и ќе трае три години. 

Целта на проектот на УСАИД за индустриски менаџмент, што започна да се имплементира во јануари годинава и ќе се спроведува три години е зголемување на конкурентноста на индустријата преку намалување на трошоците за енергија. Крајната цел е намалување на емисиите на стакленички гасови.

- Со инсталирање на модерни системи за управување со енергија, компаниите ќе можат подобро да ја регулираат потрошувачката на енергија и да донесат стратешки одлуки за надградба на нивната енергетска ефикасност, рече американскиот амбасадор Пол Волерс во обраќањето на презентацијата на проектите, потенцирајќи дека заштедата на енергија, всушност значи заштеда на трошоците.

Тој посочи дека добрите владини политики можат да поттикнат и да стимулираат зелени инвестиции и да создадат нови индустрии.

- Двата проекта произлегуваат од меморандумот што во 2012 година го потпишаа УСАИД и Владата на Република Македонија чија цел е да се намалат емисите на штетните гасови во атмосферата и да се поттикне и подобри употребата на обновливи изворина енергија и чиста енергија, рече Волерс.

За имплементацијата на проектите, потенцира, ќе биде неопходна тесна соработка и партнерство меѓу Владата, бизнис секторот и граѓанските организации.

- Се надевам дека овие два проекта пред се ќе значат отворање на нови работни места и голем економски развој. Со нив ќе се поттикен користењето на ветерот, сонцето и био масата и ќе значат почиста животна средина што воедно значи и подобро здравје за сите граѓани на Македонија, рече Волерс. 

Вицепремерот  Владимир Пешевски во своето обраќање нагласи дека двата проекта се комплементарни на активностите што ги има Владата во делот на енергетиката.

- Веќе подолг период со УСАИД работиме на дефинирање на стратегии и на  начин на кои тие можат да бидат вклучени во она што државата и Владата го прави. Се надеваме дека овие проекти ќе дадат придонес во зголемувањето на енергетската независност на Република Македонија, рече Пешевски.

Тој посочи дека првпат во 20-годишното функционирање на УСАИД во Македонија еден од проектите ќе го имплементира македонска компанија што, како што рече, укажува на зголемување на капацитетот на државата да раководи со проекти кои ги исполнуваат и највисоките стандарди на УСАИД.

- Република Македонија е исправена пред предизвиците за ефикасно справување на сериозни реформи во енергетскиот сектор.  Со стратегиите за искористување на обновливите извори на енергија и за унапредување на енергетската ефикасност, се очекува до 2020 година 20 отсто од енергијата да биде од обновливите извори, рече Пешевски.

Министерот  Сарачини истакна дека чистата енергија значи намалување на загадувањето, помали сметки за електрична енергија, но придонесува и за отварање на работни места и намалување на увозот на енергенси.

- Во овие неколку години, од страна на Владата на Република Македонија, креирани и имплементирани се проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија кои имаат капацитет да го намалат степенот на невработеност, да го подобрат квалитетот на живот за граѓаните и да придонесат за заштеда на енергија и средства за неа, рече Сарачини, додавајќи дека со нив...

 

04.12.2013 - 14:41
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега