Булеварот „ Партизански Одреди“ доби три нови пешачки семафори

Пуштени се три пешачки семафори на булеварот „ Партизански Одреди“ во Скопје. 

Екипите ги пуштија  пешачките премини кај ТЦ „Лептокарија“, кај поранешните бараки на општина Карпош и крстосницата на булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Манапо“.

Семафорите, како што соопшти денеска ЈП „Улици и патишта“, се вклучени во линиската координација, зелен бран на движење на возилата по булеварот „Партизански Одреди“.

04.12.2013 - 15:11
Фото: 
журнал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега