Караванот на СДСМ денеска во Ресен

Лидерот на опозициската СДСМ, денеска го посети Ресен, каде пред ресенчани ја презентираше новата програма на партијата.

- Денеска сме во Ресен и во неколку околни средини. Целта на денешната посета е да ги промовираме нашите предлог мерки од нашата Програма „Да ја вратиме средната класа“, токму во овој многу значаен регион од Република Македонија, каде има типично присуство на проблемите коишто ја тангираат цела Република Македонија. Најмногу ќе се насочиме на економските теми. Она што ги тангира сегашните, секако и нашите идни надежни генерации, а пред `се младите луѓе.Зборуваме како да престане миграцијата на младите луѓе, како да останат овде, кои поволности може државата да ги направи, што е тоа што треба да поттикне во општеството за да се создадат достоинствени услови, за младите луѓе овде да ја гледаат својата иднина и својата перспектива, како што се предлог мерките за отворање сопствен бизнис, даночните ослободувања, рестартирање на постојните капацитети, коишто денеска не се користат за сметка на толку бомбастично најавуваните странски инвеститори, вели Заев.

Ќе ги отвориме темите со складишните белешки како финансиски инструменти, коишто можат силно да придонесат во повисока цена за пласман на јаболкото, државниот интервенционизам во вакви кризни години, кога нема доволно побарувачка за овој вид производи, `се со конечна цел во рамките токму на духот на средната класа, за државата да ја изврши својата важна улога: да биде сервис на граѓаните и да интервенира тогаш кога им е потребна помошта. Ќе зборуваме и за капиталните инвестиции, исто така многу важни за развојот на целокупната економија, но и за мобилноста на нашето население. Ќе зборуваме и за демократијата и за слободите, за здравството, за културата, за спортот, за образованието, за сите значајни дејности од нашето општество, изјави Заев.

 

 

04.12.2013 - 16:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега