Македонско-унгарски бизнис форум

Во Скопје денеска ќе се одржи Македонско-унгарски бизнис форум на кој се очекува да се обратат премиeрите на двете земји Никола Груевски и Виктор Орбан.

Освен двајцата премиери, пред претставниците на македонските и унгарските компании ќе се обрати и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фидан и потпретседателот на Унгарската агенција за странски инвестиции Петар Билек.

На форумот кој е резултат на потпишаниот договор меѓу Агенцијата за странски инвестиции на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции ХИТА од Унгарија, ќе учествуваат претставници на околу 30 компании од Унгарија.

Македонија и Унгарија оваа година, во услови на криза, за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена која изнесува некаде околу половина милион долари.

 

05.12.2013 - 08:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега