Француските бизнисмени “полудеа“ по Македонија

Успешни француски бизнисмени по форумот во Париз за презентација на можностите за инвестирање во Мaкедонија, што Владата ја прави во соработка со Фајненшл Тајм, изјавија дека Македонија навистина е добро место за инвестирање и најавија можни инвестиции.

Според уредникот на  FDI- Foreign direct investment, Мајкл Качински, овие настани служат за подобро запознавање на бизнисмените со предностите за инвестирање во Македонија.

- Не сме тука да го подобриме имиџот на Македонија, туку да зборуваме за тоа што Македонија навистина е. Македонија е навистина добро место за инвестирање. Јас бев во март и бев многу импресиониран  од тоа колку е лесно да се среќаваш со луѓето кои ќе те запознаваат со бизнисмени и со секој што сакаш и притоа ќе те информираат за поволностите и се друго што те интересира. Исто така бев воодушевен од тоа колку е лесно да се снајдеш, бидејќи многу луѓе говорат англиски, што ме изненади и што е голема помош и важен фактор, вели Качински, пренесува МИА.

Тој додава дека иницијативите секогаш се голема помош за привлекување инвестиции, како што се олеснувањата со таксите, помошта со инфраструктурата што Владата ги нуди, како и слободните економски зони.

- Сето тоа е голема помош. Сметам дека Македонија е многу добро место за инвестирање особено кога зборуваме за производство и одредени услуги – таа е на врвот на листата на нашиот магазин за најдобрите дестинации за инвестирање, вели Качински, пренесува МИА.

Македонската бизнис клима ја пофали и бизнисменот Роберт Вилоуби од „Кемет Електроникс“.

 - Баравме конкурентна локација од каде ќе ги снабдуваме нашите конкуренти во Европа. Направивме евалуација на шест земји во Источна Европа и на Балканот и Македонија беше нашиот избор, рече Вилоуби.

Покрај тоа појасни дека барале и вистинска работна сила и добро обучен кадар. - Цената на работната сила, нејзината способност, добра владина стратегија, сите овие работи креираат добра бизнис клима. Македонија ја имаше најдобрата, истакна Вилоуби.

Уште двајца француски бизнисмени најавија дека ќе ја разгледаат можноста за инвестирање во Македонија.

Жан Клод Бонтас од Леман Индустри од автомобилскиот сектор вели дека Македонијае поволно и лесно место за инвестирање.

Според Жан Клод Бонтас од Леман Индустри од авомобилскиот сектор, Македонија е поволно и лесно место за инвестирање во Европа. - За нас е важно што е блиску до Романија. Баравме можности во Србија и во Молдавија кои исто така се блиску до Романија, но многу полесно е да се прави бизнис во Македонија, вели Клод Бонтас.

Бизнисменот Жан Бутшо од компанија за изработка на бродски софтвер исто така ја оцени Македонија како земја која многу ветува во поглед на инвестирањето.

- Пред две години, на слична презентација слушнавме за Бугарија кадешто инвестиравме и многу брзо го проширивме бизнисот. Од она што сега го слушнавме се чини дека Македонија многу повеќе ветува во тој поглед во однос на нашето искуство во Бугарија и дефинитивно е место каде што ќе истражуваме и веројатно ќе инвестираме и ќе изградиме објекти, вели Бушто. 

05.12.2013 - 11:46
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега