СДСМ: Општините тонат во долгови поради премногу наставници по учичиштата

Опозициската СДСМ тврди дека 54 општини со кои раководат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ од 2010 до август 2012 година се задолжиле со 17 милиони евра. Според СДСМ, повеќе од 9 милиони евра од овој износ се долгови на основни училишта. 

Партискиот портпарол Петре Шилегов денеска на прес- конференција обвини дека училиштата не плаќале за греење, за превоз на ученици, за струја и за вода, но вработувале наставници повеќе од потребниот број.

- Ова не се пресметки на опозицијата. Ова се официјални владини податоци. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски оваа информација ја добил од Министерството за финансии и бара итно мислење од министерот за образование, Спиро Ристовски, истакна денеска Шилегов.

Според Шилегов Врапчиште, Битола, Струга, Кичево, Дебар, Охрид, Могила трупаат долгови зашто парите од блок дотациите одат само за плати. И Град Скопје, рече Шилегов, троши дури 72 процента од блок дотацијата за плати во средното образование. 

Шилегов додаде дека од информацијата не произлегува дека некој ќе сноси одговорност за огромните долгови, туку само се предлагало општините да преземат мерки за рационализација.

05.12.2013 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега