ВМРО-ДПМНЕ: Заев не сака да вработи социјално загрозени лица

ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, не сака да вработи 11 лица од социјално загрозени категории во Општина Струмица.

- Зоран Заев не сака да има помогне на истите оние луѓе кои СДСМ во времето на криминалната транзиција и приватизација безмилосрдно ги остави на улица, велат од партијата.

За Зоран Заев, обвинија, воопшто не било проблем да вработува во општината роднини на функционери и членови од СДСМ. - Очигледно на Зоран Заев поисплатливо му е парите од Општината да ги троши за тендери кои ги добиваат членови од фамилијата Заеви и нивните бизнис партнери наместо да им се помогне на овие 11 луѓе на кои им е потребна помош, рече Трпески. 

05.12.2013 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега