„Никогаш не дознавме зошто Панда ја уби нашата ќерка" - родителите на сопругата на убиецот си ја отворија душата

Припадниците на полициската единица „алфи“ синоќа го уапсија опасниот убиец, 40 годишниот Јордан Младеновски- Панда кој избега од психијатриската болница Демир Хисар. Панда пред 12 години ја закла својата бремена сопруга и од тогаш е под надзор на институциите.

За грозоморниот настан, семејството на сопругата на опасниот убиец си ја отвори душата за Дневник, и ја раскажа својата приказна. 

- Не се чувствуваме безбедно кога осуден убиец е на слобода. Бараме надлежните институции да се ангажираат Јордан Младеновски да ја добие заслужената казна според она што е пресудено, а тоа е задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, вели таткото на сопругата на Панда, Билјана Младеноска,Трпе Стевковски.

Родителите со солзи во очите раскажуваат дека никогаш не дознале зошто нивниот зет ја убил нивната бремена ќерка: - - За време на судењето и во истражната постапка се бранеше со молчење. Еднаш прозборе во судницата, рече„ се чувствувам загрозен, не сакам да бидам со нив во судница“,вели мајката на девојката.

Семејството додава дека не може да разбере како Судот донел одлука дека Панда е непресметлив.

- Убиецот му рекол дека викнал брза помош и побарал да оди надвор да ги пречека, по што со шишето ја докрајчил ќерка ми. А да дошла брзата помош навреме можеби бебето ќе беше спасено - се сеќава родителот на жртвата.

06.12.2013 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега