Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката кај Плетвар

Околу 18 часот и 30 минути вчера попладне на патот Прилеп- Градско кај превојот Плетвар дошло до судир на автомобил марка „голф“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „сканија“ со прилепски регистарски таблички. 

Со возилото марка  „сканија“ управувал  45-годишниот С.Т. од Прилеп, а за жал, на местото на несреќата животот го загубил возачот на голфот, 43-годишниот Јоле А.

06.12.2013 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа