Нова инвестиција од Дубаи - ќе се вработат 100 лица

Инвеститори од ДУбаи кои денеска се сретнаа со македонскиот премиер Никола Груевски, ќе инвестираат во откупно-дистрибутивен центар за извоз на јаболки. Ивеститорите денеска регистрираа фирма во Македонија „Епл ленд“, а се работи за инвестиција вредна 5 милиони евра која ќе овозможи да се вработат 100 лица.

Главниот пазар каде што ќе се извезуваат јаболките ќе бидат Дубаи и Обединетите Арапски Емирати, а покрај јаболки, планираат и свое производство и за таа цел ќе откупат 60 хектари на земја од локалното население во Ресен.

Фабриката ќе се пушти во употреба идната година.

06.12.2013 - 13:33
Фото: 
365.ком.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега