Во недела, принцот Хари ќе открие непознати детали за смртта на неговата мајка

 

Принцот Хари (38) се подготвува за излегувањето на неговата книга „Spare“, која излегува за шест дена. Тој направи две интервјуа во изминатите неколку дена, едното со Том Бредби, поранешниот кралски дописник кој моментално работи за ITV, а другото со Андерсон Купер на „CBS News 60 Minutes“.

Во разговор со Купер, Хари рече дека бил „предаден“ со „протекување и подметнување приказни“ против него и неговата сопруга Меган Маркл.

– Семејното правило е „никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“, но тоа е само правило. На пример, ќе разговараат со новинар, а тој буквално ќе ја добие информацијата на лажица и ќе го напише текстот. И на крајот ќе биде истакнато дека тие побарале коментар од Бакингемската палата. „Значи, кога во последните шест години велеа „не можеме да дадеме изјава за да ве заштитиме“, но тоа го правеа за другите членови на семејството, доаѓате до точка каде тој молк е предавство“, изјави  Хари.

Во интервјуто со Бредби, Хари ќе зборува за семејните односи и непознати детали за смртта на принцезата Дијана.

Двете интервјуа ќе бидат објавени во недела.

03.01.2023 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега