Вугринец и Прибак ќе играат за Македонија на ЕП 2014?

Доколку Ракометната Федерација на Македонија успее да ги облече Ренато Вугринец и Немања Прибак во македонскиот дрес, репрезентацијата и тоа како ќе биде засилена во пресрет на Европското Првенство во Данска, пренесува Екипа. Федерацијата веќе стапила во контакт со ракометарите кои искажале подготвеност за ваков чекор. 

-Со самото тоа, почната е и процедурата за добивање најпрвин на државјанство, а потоа и на пасош, со што овие двајца искусни бекови би станале дел од македонскиот национален тим. Според информациите до кои дојдовме, Прибак изразил подготвеност да го облече дресот на македонската репрезентација, Вугринец се уште тактизира со конечната одлука, но во таборот на РФМ се убедени дека Словенецот сепак ќе даде позитивен одговор. Конечниот рок кога се би требало да биде познато е 10 декември, последниот датум за доставување на поширокиот список на репрезентациите за ЕП 2014. Доколку Вугринец и Прибак се најдат на овој список на селекторот Обрван, ќе биде јасно дека целата процедура е веќе средена и словенечкиот и српскиот бек ќе настапат за Македонија на шампионатот во Данска.

Македонија е дел од групата А од овој шампионат заедно со домаќинот Данска и селекциите на Австрија и на Чешка.

06.12.2013 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега